Дебаклот на Меј може да предизвика хаос, но и надежи во Лондон и Брисел

Британските пратеници со убедливо мнозинство во вторникот вечерта го отфрлија пчланот кој премиерката Тереза Меј го договори со Брисел по 17-месечно преговарање за напуштањето на Обединетото Кралство на Европската унија, предизвикувајќи политичка неизвесност којашто може да доведе до хаотичен брегзит, a можеби и до повлекување на одлуката за истапувањето од европскиот блок.

Откако парламентот го отфрли договорот со 432 гласа „против“ и 202 гласа „за“, што претставува најголемиот пораз на некој британски премиер уште од 1920-те години, челникот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, поднесе барање за гласање недоверба на владата на премеирката Тереза Меј за што ќе се гласа во среда.

Одбивањето на планот за брегзитот не беше неочекувано, бидејќи противењетоп за овој договор за излегувањето од ЕУ беше многу силно. Иако Меј успеа да се договори со европските челници во Брисел, таа не успеа да ги придобие ниту приврзаниците на излегувањето, ниту заговорниците на останувањето во Унијата.

На само два ипол месеца до 29-ти март, датумот одреден за раздружувањето, Обединетото Кралство влегува во најголемата политичка криза во последните половина век и велгува во спорот околу тоа како, и дали воопшто, ќе го напушти европскиот проект на кој му се приклучи во 1973 година.

„Јасно е дека парламентот не го поддржува овој договор, меѓутоа вечерашново гласање не зборува ништо за тоа што поддржува… Ништо за тоа како, па дали и воопшто, има намера да ја почитува референдумската одлука на британскиот народ“, рече Меј по објавувањето на резултатите од гласањето.

Повеќе од стотина пратеници од Конзервативната партија на премиерката Меј, и оние кои беа за излегувањето и оние кои се останувњето во Унијата, гласаа против договорот, нанесувајќи и’ го на владата еден од најтешките порази во поновата британска историја. Понижувачкиот пораз на премиерката претставува потполна пропаст на нејзината двегодишна стратегија да се обиде да издејствува пријателско раздружување со задржување на што потесни врски со Брисел по 29-ти март.

 

Надежите и во Лондон и во Брисел последни умираат

Портпаролот на премиерката Тереза Меј изјави за медиумиете дека отфрлениот договор со ЕУ се’ уште може да послужи како основа за некој нов иден договор, но противниците не се согласуваат со тоа.

„Договорот за излегувањето е мртов. ЕУ ќе види сега дека мора да и’ понуди подобри услови на Велика Британија. Доколку тоа не го стори, мораме да се свртиме кон трговијата според правилата на Светската трговска организација“, рече Дејвид Џонс, поранешен министер од Конзервативната партија.

Малата северноирска унионистичка партија DUP, којашто ја оддржуваше на власта малцинската влада на Меј но гласаше против договорот, најави дека сепак ќе ја поддржи премиерката на гласањето за доверба. И конзервативците кои го заговараа брегзитот но се противеа на нејзиниот план, навестија дека ќе гласаат премиерката да остане на должноста.

Меј најави дека ќе се сретне со опозицијата за да донесе одлука што да се прави натаму. Меѓутоа, нејзините противници од сите делови на политичкиот спектар се упорни дека договорот е мртов. „По двегодишните пропаднати преговори, парламентот ја донесе својата пресуда и таа пресудна е апсолутно убедлива. Нејзиниот главен принцип на дејствување, а тоа е одлоќување и порекнување, дојде до крај“, рече лабуристот Корбин.

Водечките фунционери на ЕУ, пак, предупредија дека по одлуката на британскиот парламент, оти е можен хаотичен брегзит односно раздружување без договор за идните односи во транзицискиот период.

„Ризикот од неуредено излегување на Обединетото кралство е зголемен по вечерашното гласање. Иако тоа не го сакаме, Комисијата ќе продолжи да се подготвува за Европската униај да биде целосно подготвена за тоа“, изјави претседаетлот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пак, од своја страна навести дека останувањето на Британија во Унијата е најдобрата опција. „Доколку договорот не е возможен и никој не сака да излезе без договор, кој тогаш ќе најде храброст и ќе каже кое е единственото позитивно решение?“, порача Туск преку социјалните мрежи.

Двајцата се враќаат во Брисел порано отколку што планирале. Јункер во вторникот престојуваше во Стразбур, каде во среда требаше да присуствува на пленарната седница на Европскиот парламент. Туск веднаш се враќа од Гдањск, каде што учествуваше на комеморацијата на градоначалникот Павел Адамович кој пред две вечери на хуманитарен настан беше прободен со нож, а во понеделникот им подлегна на повредете. Британските медиуми, исто така, наведуваат дека премеирката Меј уште во среда треба да допатува во Брисел.

„Договорот за раздружувањето е чесен компромис и најдобар можен договор. Тој ја намалува штетата којашто ја предизвикува брегзитот за граѓаниет и компаниите ширум Европа. Тој е единствениот начин да се обезбеди уредено повлекување на Обединетото Кралство од Европската унија“, истакан Јункер уште еднаш додавајќи дека ЕУ продолжува со процесот на ретификацијата на договорот за разводот.

Меѓутоа, последниот период, колку повеќе се приближуваше датумот за гласањето во парламентот во Лондон, се’ повеќе се зборуваше за можност од одржување втор референдум за британското членство во ЕУ, а анкетие редвидуваа дека овојпат ќе победи опцијата за останување во европскиот блок. Судот на Европската унија неодамна во таа насока и ја донесе одлуката дека Велика Британија може еднострано да се повлече од одлуката да ја напушти ЕУ.

 

За Париз и Берлин тажен ден за Европа

По вестите од Лондон, политичките челници на двете водечки земји во Унијата, Франција и Германија констатираа дека ова претставува тажен ден за ЕУ, но и го предупредија Лондон дека може да биде најголемиот губитник, доколку се раздели без договор.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „првата опција е излез без договор“. „Тие велат: ’Нема договор’. Тоа е застрашувачки за сите. Најголемите губитници во тоа би биле Британците“, изјавил Макрон за новинарите откако го дознал исходот од гласањето во британскиот парламент.

Германскиот вицеканцелар Олаф Шолц истовремено на социјалните мрежи објави дека „ова е тажен ден за Европа“. „Ние сме подготвени. Но тврдиот брегзит е најлошата можност за ЕУ, во прв ред за Обединетото Кралство“, оценува Шолц.

И лидерката на владејачката Христијанско-демократска унија (CDU), Анегрет Крамп- Каребауер на Twitter изрази „искрено жалење“ поради таквата одлука. Оцени дека „тврдиот брегзит е најлошата опција“ и го повика Британците „да не изборзуваат“.

Германскиот државен секретар за ЕУ, Михаел Рот, одлуката на британскиот парламент ја нарече „катастрофа“. Сепак, додаде дека „вратата на Европа и натаму е отворена“.