Ерлинг Халанд ќе биде големо засилување за Манчестер Сити сезонава. Тоа го покажа уште на своето деби во Премиерлигата, откако постигна два гола за својот тим на гостувањето во Вест Хем, и практично самиот ја донесе победата на англискиот шампион.
Норвежанецот во 36. минута од пенал донесе водство за Сити. Вториот гол Халанд постигна во 65. минута и така ја донесе победата на првакот, кој со победа тргна во одбрана на титулата.
Манчестер Сити практично од два удари кон голот постигна два гола, иако имаше дури 14 обиди вкупно.