Фудбалерите на дебитантот во германската Буднеслига, Унион Берлин на домашен терен приредија изненадувањето совладувајќи ги во последниот дуел од саботната програма вицепрваците Борусија Дротмунд со 3:1.
Двоен стрелец за Унион Берлин беше Мариус Битлер во 22 и 50 минута, а еден погодок во 75 минута постигна Себастијан Андерсон, додека за Борусија Дортмунд стрелец беше Пако Алкасер во 25 минута.
Единствен стопроцентен учинок по трите кола има РБ Лајпциг кој во петокот вечерта со 3:1 на гости ја совлада Борусија од Менхенгалдбах.
Иако на минхенска „Алијанц Арена“ Мајнц поведе уште во 6 минута од мечот со голот на Жан-Пол Боетиус, следеше канонада на Баерн. Пресврт до крајот на првиот дел направија Бенжамин Павар со голот во 36 и Давид Алаба кој погоди во 45 минута, а потоа стрелци беа Иван Перишиќ во 54, Крингсли Коман десет минути подоцна, Роберт Левандевски во 78 8 и Алфонсо Дејвис во 80 минута.
Баер Леверкузен и Хофенхајм одиграа без голови, а со 1:1 ремизираа и Волфбург и Падеборн. Шалке дома беше убедлив со 3:0 против Херта, а Келн на гости со пресврт во финишот од мечот славеше со 2:1 против Фрајбург,