„Чувањето на бебе за мене беше лесно. Заминувањето на колеџ не беше. Разговарање со други мајки, објаснување како да се грижат за себе и да имаат семејство, помагање на млади девојки да имаат супер линија, покажување на моите деца како да балансираат и како да се сакаат себе си такви какви што се. Не можам да си го замислам животот без некоја од овие работи. Сите некогаш сме несигурни, но ако не ризикував немаше да знам и секогаш би се прашувала како изгледа тоа“, напишала Дебора.
Нејзините дваесетти години и поминале во мајчинство, не по секоја бременост таа успевала да ја врати својата витка линија.
По раѓањето на близнаците одлучила посериозно да му се посвети на своето тело.
Како што вели, никогаш не ѝ било тешко да одржи витка линија, но професионалното занимавање со фитнес дошло само од себе.
Оваа дама исто така се занимава со советување на жените кои се породиле за тоа како да си ја вратат својата линија и да ја доведат до совршенство. Сопругот ѝ е голема поддршка без кој, како што вели, никогаш не би успеала во ништо.
Таа се храни здраво, живее брзо и секогаш ризикува.
Погледнете како изгледа Дебора Гудман, која има родено шест деца…
За повеќе фитнес вежби за затегнување на задникот прочитајте на следниот линк.