
Повеќе од 450 деца со особен интерес го проследија симболичното пристигнување на Дедо Мраз со транспортен хеликоптер на АРМ на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“, а потоа и да добијат од него новогодишни пакетчиња.
Незаборавното доживување за најмладите секоја година го овозможуваат припадниците на воздухопловната бригада (вбр) од АРМ, со цел поделба на новогодишни пакетчиња на децата од загинатите и починати припадници на вбр, но и на сите заинтересирани припадници од останатите команди и единици на АРМ и МО.
Оваа манифестација традиционално се одржува во пресрет на новогодишните и божиќните празници, а заради атрактивноста и годинава е масовно проследена.