Денеска во Бивер Крик ќе се вози велеслаломска трка, која ќе биде во рамките на Светското првенство во алпско скијање, а наш единствен преставник ќе биде Дардан Дехари.
Дехари ќе има стартен број 80, а во конкуренција ќе бидат вкупно 100 скијачи. Листата ја предводи Австриецот Бенџамин Рајх, кој ќе стартува прв.
Синоќа четири македонски скијачи учествуваа во квалификациите во велеслалом. Најдобар пласман на ФИС трката имаше Антонио Ристевски (36-то место), Дардан Дехари беше пласиран на 45-то место, Лука Божиновски заврши на 52-то место, а Марјан Нашоку го освои 59-то место.