Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ упати јавен повик до тројцата професори кои штрајкуваат со глад веќе дваесетина дена поради тоа што не се избрани за вонредни професори на Економскиот факултет. Преку оглас во неколку дневни весници, ректорот Саша Митрев се обидува да ги убеди тројцата професори на економскиот факултет да го прекинат штрајкот со глад.
Тој ги повикува професорите до петок до ректорската управа да достават извештај и писмена документација со која ќе докажат дека ги исполнуваат условите за избор на вонредни професори и истата јавно да ја објават.
СОНК со притисоци и закани- за чии интереси штрајкува синдикатот?
За кого и за чии интереси штрајкува СОНК? Студенти и пензионери добиваат покани да штрајкуваат во име на СОНК, за да се наполнат автобусите и да се добие масовност. Членовите на СОНК револтирани се сомневаат во позадината на овие протести.
Раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, притиска да се излезе на штрајк, што отвора простор за сомнеж дека штрајкот е организиран поради сосема други причини. Ова е само уште една потврда за сомнителната позадина на протестите и дека целта е многу поголема од наведената- да се бранат правата на тројцата професори.
По е-маил, група на граѓани добиле наредба да се појават на протест, а во спротивно да не се жалат ако се применат мерките. Ваков начин на организација на протести, македонската јавност памети од одредени партиски структури на опозицијата, кога одредена група на луѓе штрајкуваше за се и сешто во земјава.
Сител вчера пренесе реакции на револтирани членови на синдикатот кои се сомневаат во организацијата и целта на протестот. Членови на СОНК се сомневаат дека овој протест е злоупотребен од СДСМ и дека ваков протест би бил во корист само на опозицијата.
„ПО ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОК НА СОНК ТРЕБА ДА СЕ ИЗЈАСНИТЕ КОЈ ДОАЃА НА ПРОТЕСТ, КАЖАНО Е ДОКОЛКУ НЕ СЕ ПРИСУСТВУВА ДА НЕ СЕ РЕАГИРА КОГА ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВААТ МЕРКИТЕ КОИ НЕ ЗАСЕГААТ! ВЕ МОЛАМ СЕКОЈ ПОЕДИНЕЧНО ДА СЕ ИЗЈАСНИТЕ ЗА ПРИСУСТВО, БИДЕЈЌИ Е ПОТРЕБЕН СПИСОК ЗА ПРИСУСТВО!“. Ова е содржина на е-маил пораката со која членовите на СОНК биле повикувани на протест.
Продолжените раце на опозицијата со поддршка за протестот
Дополнително, во текот на денешниот ден, здруженија кои важат за инструменти на опозицијата отворено дадоа поддршка за утрешниот протест.
Левичарското движење „Солидарност” порача дека го поддржува протестот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), а нивни активисти ќе присуствуваат на протестот. Претходно, Младинскиот образовен форум (МОФ) порача дека ги поддржува напорите на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за надминување на проблемите во образованието.
„Солидарност“ во јавноста важи за здружение кое одработува опозициска агенда, додека за МОФ веќе е познато во јавноста дека е невладина организација која е формирана под целосен патронат на фондацијата СОРОС и значаен дел од своите активности ги спроведуваат со директна и индиректна поддршка од фондацијата, која често е и финансиска.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура утре организира протест пред Министерството за образование и наука. Барањата кои ги презентираше СОНК директно ги демаскираат намерите на синдикатот да прикаже пред јавноста дека причина за протестот е конечно решавање на проблемот со тројцата професори од штипскиот универзитет, туку укажува на тоа дека задни намери стојат зад најавениот протест.