Дел од булеварот Јане Сандански и Стрелиште Камник без вода за пиење

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-100 милиметри на булевар Јане Сандански број 37, без водоснабдување ќе останат корисниците од зградите од број 61 до број 105  од 09,30 часот па се’ до санирање на дефектот.

Поради дефект на шибер затварач профил ф-100 милиметри на улица Александар Македонски кај средното училиште Коце Металец, без водоснабдување ќе останат корисниците од населеното место Стрелиште Камник од 09,30 часот па се’ до санирање на дефектот.