
Корисниците од селото Чајлане во општина Сарај утре од 9:00 до 14:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Во периодот од 9:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ од број 60 до број 72 во општина Карпош, а од 10:00 до 15:00 часот дел од корисниците од село Бразда во општина Чучер-Сандево.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.