![Electricity](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/Electricity.jpg?resize=640%2C355&ssl=1)
Дел од корисниците од улицата „Питу Гули“ со броевите 20, 22 и 24 во општина Центар утре од 9:00 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 10:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улица „4“ во село Усје.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.