
Високата делегација од Јужна Кореја која е во посета на Северна Кореја денеска се сретнала со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Десетчлената делегација ја предводи Чунг Еуи Јонг, советник за национална безбедност и специјален претставник на претседателот Мун Џае Ин.
Во делегацијата е и шефот на разузнавачката служба на Јужна Кореја Сух Хун.Во фокусот на средбите е како да се намалат тензиите околу севернокорејската нуклеарна програма и да са притисне за разговори меѓу Пјонгјанг и Вашингтон. За прв пат делегација од Јужна Кореја се среќава со Џонг Ун.
По посетата делегацијата на Јужна Кореја ќе отпатува во САД каде ќе оствари средба со претставници на Стејт Департментот.