Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ спречена да положи венец на гробот на Никола Карев

Би сакал на сите граѓани на Република Македонија, на сите Македонци и останатите кои живеат во Македонија да им го честитам најголемиот празник, националниот празник Илинден тука од Мечкин Камен од Крушево, порача Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Илинден е симбол за создавање на македонската држава. Но исто така Илинден е порака дека треба да ја зачуваме Република Македонија, да ја зачуваме во овие денови кога е нападната, кога е обезличена, кога е понижена, кога е економски опустошена. Да ја зачуваме и да ја градиме Македонија, затоа што луѓето кои ги положи животите овде во 1903 година, ги положија за една поубав иднина и за македонската држава, а не за она што го гледаме дене. Во исто време сакам да истакнам дека почитувајќи го големиот национален празник делегација голема на ВМРО-ДПМНЕ како што гледате позади мене е тука да оддаде почит, но очигледно на власта не и се допаѓа постоењето на ВМРО-ДПМНЕ и затоа утрово бевме спречени да положиме венец на Споменикот Македониум на гробот на Никола Карев, а исто така ни беше оневозможено да се упатиме и кон Слива и моравме во приватна организација да одиме на двете места. Доаѓајќи овдека очигледно од организирани  партиски луѓе исто така не бевме удостоени со соодветен пречек и прв пат се наруши традицијата која што секогаш била а тоа е опозицијата да е во првиот ред на прославувањето на Илинден. Тоа покажува дека на Заев, на СДСМ и на оваа власт им смета постоењето на ВМРО-ДПМНЕ, Но, ВМРО-ДПМНЕ ќе постои затоа што тоа не му смета на македонскиот народ. Ние сме тука и ќе бидеме секогаш тука за Илинден. Затоа што Илинден е Македонија, истакна Николоски.