Официјалната делегација, која Украина ќе испрати за продолжување на преговорите со Европската унија во Брисел, ќе биде предводена од првиот вицепремиер Сергеј Арбузов. Ова го објави денеска украинскиот министер за надворешни работи Леонид Кожара, пренесува „РИА Новости“.
Украинскиот претседател Виктор Јанукович го назначил Арбузов за шеф на делегацијата. Во моментов Киев со Европската комисија го договара датумот за посетата на украинската делегација.