Без електрична енергија утре од8 до 10.30 часот ќе останат дел од корисниците од булевар Трета Македонска Бригада ( општина Аеродром ), Од 8.30 до 13 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците во селата Црешево и Смиљковци ( општина Гази Баба ). Исто така, од 9 до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Долно и Горно Свиларе ( општина Сарај ).
Во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците: Жданец, Пресека, Нерешка, Девол и Теодосиј Синаитски (општина Карпош ), како и дел од корисниците од улиците Црногорска, број 6 и број 8 во општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 9.30 до 14 часот, дел од корисниците од улица1 во село Грчец, ќе немаат струја ( општина Сарај )
Без струја ќе бидат и дел од корисниците од улица Јуриј Гагарин од број 65а ( општина Карпош ), во периодот од 10 до 13 часот, а од 11 до 13 часот, струја нема да има на дел од улиците 1612 и 1613 број 50 ( општина Аеродром ).