Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека на ден 14.12.2020година, поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник на цевка Ф300мм, на ул.Босна и Херцеговина раскрсницата со Кемал Сејфула .
Прекин во водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Босна и Хецеговина, дел од Ферид Бајрам, Костурска, Тале Христов, Лазо Москов, Гоце Стојчевски, Боро Менков, Љуба Ивановќ, Црвени Брегови, Никола Петров и Груица Војвода, како и објектите на Поликлиника Чаир, Институт за медицина на труд. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во време од 08:30 часот до завршување на дефектот. (општина Чаир и Бутел)