Некои од жителите на општина Кисела Вода утре ќе останат без вода.
ЈП „Водовод и каналилизација“ извести дека поради дефект на водоводна цевка на крстосницата на булеварот Борис Трајковски со булеварот Србија, утре, 24 јануари, без водоснабдување од 9 часот ќе останат корисниците од краците 3, 5, 7, и 11 на таа улица.