Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (среда) поради изведување водоводен приклучок од ф – 150 мм на ул. Козле бр.108, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Козле од бр.86 до бр.132.
Поради исклучување на пумпена станица можно е без вода да останат највисоките точки од населбата Трнодол и Жданец.