Бројот на заразените со коронавирусот во Јужноафриканската Република (ЈАР) бележи значителен раст, а во земјата забрзано се шири делта варијантата на вирусот, објави тамошната влада.
„Нашите научници со секвенционирање орктија дека имаме нов сој на вирусот кој преовладува во нашата земја. Новиот сој се нарекува делта“, изјави јужноафриканскиот министер за дравство М’мамолоку Кубаји.
Според официјалните податоц, во послените 24 ласа забележани се 18.762 нови случаи на заразата. Тоа вклучува и 11.777 лица заразени на поширокото подрачје на Преторија и Јоханесбург, каде што здравствениот сектор речиси е веќе максимално оптоварен.
Јужноафриканската Република е една од најпогодените африкански земји во пандемијата на Covid-19, со 1,9 милиони регистрирани зарази и речиси 60.000 смртни исходи поврзани со оваа болест.
Поради новопојавениот сој на коронавирусот кој се шири низ земјата, неколку држави воведоа ограничување за патниците од ЈАР. Ограничувањето кои се воведени во текот на пандемијата имаа погубни последици по јужноафриканската економија и населението, па милиони луѓе е борат за преживување.
Втората според обемот најголема економија во Африја веќе беше во криза и пред избувнувањето на пандемијата. Во Јужноафриканската Република веќе со години се справуваат со високата стапка на невработеноста, со проблемот на социјалната неедваквост и со непостојаната дистрибуција на енергентите.