Позаразната делта варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2 сега доминира во големи делови од Европа, објавија во петокот Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC) и Светската здравствена организација (СЗО – WHO).
Податоците кои се собирани во периодот од 28-ми јуни до 11-ти јули покажуваат дека делта варијантата е доминантна во 19 од 28 земји со довочно информации.
Просечниот удел на анализираните случаи заразени со делта варијанта во овие 19 земја изнесува 68,3 отсто. Претходно доминатната алфа варијантата достигнала удел од 22,3 отсто.
Истовремено, здравствените установи со седишта во Компенхаген и Стокхолм го свртуваат вниманието на потребата од повторно зајакнување на напорите за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Бројот на потврдените случаи се зголемил во Европа во секоја од последните четири седмици, со особено брз раст на коронаинфекциите меѓу младите луѓе.
Делта варијантата веќе е отркриена во речиси сите европски земји и ќе продолжи да се шири и да ги истиснува другите варијанти, освен доколку не се појави нова варијанта на вирусот. Според моменталните трендови, следените месеци тоа ќе стане доминантата варијанта на короанвирусот во светот.
„Далеку сме од завршувањето на пандемијата и, за жал, во многи земји во нашиот регион бележиме значителен раст на случаите поврзани со ширењето на многу пренсоливата делат варијанта“, изјави Ханс Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа.
„Добрата весте е дека податоци јасно покажуваат дека примањето на целосната доза на вакцината значително ги намалува ризикот од тешката форма на болеста и смртта. Кога се апелира, луѓето би требало да се вакцинираат“, истана Клуге.