Неиздржана и паушална е изјавата на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, дадена на денешната прес конференција со која свесно манипулирасо јавноста обидувајќи се да ја маргинализира оценката дадена од страна на Европската комисија (ЕК) за Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика, се наведува во демантот од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ).
„Согласно Извештајот на ЕК за 2015 и 2016 за Поглавјето 12, дадена е генерална оцена дека: Земјата има одредено ниво на подготвеност во областа на безбедност на храна, ветеринарнарство и фитосанитарна политика. Постигнат е одреден напредок во оваа област“, се вели натаму во демантот на АХБ.
Се истакнува, исто така, дека имајќи ја превид утврдената методологија на ЕК за оценување на напредокот во процесот на евроинтеграциите, ваквите оцени дадени во 2015 и 2016 та, се многу пониски во споредба со 2017 и 2018 година., како и дека евроинтергативниот процес во 2015 и 2016 година бил маргинализиран и сведен на спроведување на минимални активности.
„Од таа причина, во текот на 2017 година беше потребен дополнителен напор за постигнување на соодветно ниво на усогласеност на Европското законодавство и негово спроведување. Уште во февруари годинава, на состаноците на експленаторниот скрининг одржан со претставници на Европската комисија, Агенцијата за храна и ветеринарство доби јавно признание за постигнатиот напредок во последните 2 години, посебно во проблематичните области, како што се функционален систем за идентификација и регистрација и спроведување на мерки за здравствена заштита на животните“, наведуваат до Агенцијата
Во однос на фитосанитарната политика, каде оцените на ЕК беа критично ниски во изминатите неколку години, посочуваат на крајот од АХВ, на последниот состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство, Европската комисија истакна дека е постигнато значително подобрување на состојбата и во оваа