Демирхисарец и’ запалил дуќан на соселанка

Триесет и шестгодишен жител на демирхисарското село Суводол подметнал пожар во дуќан на своја четириесет и едногодишна соселанка, но за среќа изгорела само влезната врата, соопшти полицијата.

„На 30 јануари, годинава, полицајците од ОВР Демир Хисар го уапсиле С.Ф.(36) од село Суводол. Имено, Н.С.(41), исто така од село Суводол, во демирхисарската полиција пријавила дека била опожарена влезната врата од нејзиниот продажен објект во селото. По преземени мерки и извршените оперативни проверки било констатирано дека подметнувач на пожарот е триесет и шестгодишниот С.Ф.
Во разговор со полицајците тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, се веливо информацијат ана МВР.