Само во Македонија од сите земји во светот може да се седи дома и да се зема плата. Имено се работи за 1.300 рамковни вработувања кои со години седат дома и земаат плата од државниот буџет.
Министерот Битиќи вели дека ќе им бара работа на овие лица откако ќе заврши пандемијата која за жал никој не знае кога ќе заврши. Вели сега не е време да се разговара за тоа кога во прашање е доведено секое работно место.
Исто така вицепремиерот Артан Груби вели дека нема законски начин како да им се раскине договорот на оние кој нема да сакаат да одат на работа, се вели во објавата на Демократи.
ДЕМОКРАТИ итно бараат од властите да го решат проблемот со рамковните вработувања и најостро го осудуваат ова неодговорно однесување на истите.
ДЕМОКРАТИ се прашуваат како можеле властите да потпишат ваков срамен договор за одредена група на луѓе да седат дома и да земаат плата, поточно кажано да ја празнат народната каса, кога повеќето граѓани со децении се борат со сиромаштија и животна егзистенција.