Демократите го сочуваа мнозинството во Претставничкиот дом на САД

Демократската партија го осигури, иако намалено, мнозинството во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, по победата во најмалку 218 изборни трки, објави во средата агенцијата Associated Press.

Демократите го обезбедиле мнозинството во долниот дом на парламентот доцна ноќта во вторникот, по што агенцијата објави дена победиле во три неизвесни трки. Пратениците Ким Ширер од Вашингтој, Том О’Халеран од Аризона и Џими Гомез од Калифорнија на изборите на 3-ти ноември успеале да го одбранат своите мандати во Претставничкиот дом.

Демократската партија ќе има во следните две години мнозиство во Претставничкиот дом кој има 435 мандати, иако тоа е помало отколку досега. На парламентарните избори влегоа со 232 пратенички мандати.

Ова ќе биде вторпат по 1995 година, демократите да имаат мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот четири години по ред.

Конгресот започнува да заседава на 3-ти јануари. Дотогаш нема да биде познато кој има мнозинство во Сенатот, бидејќки во Сојузната држава Џорџија се одржува вториот круг од избрите за две сенаториски места. И двата мандата им се потребни на демократите за мнозинство и во горниот дом на Конгресот