Демократите не успеаја да обезбедат мнозинство за повикување сведоци против Трамп

Демократските сенатори не можат да обезбедат доволно мнозинство гласови за повикување на сведоци во рамките на процесот за импичмент на републиканскиот претседател Доналд Трамп, што стана јасно откако во петокот републиканската сенаторка од Алјаска, Лиза Мурковски соопшти дека ќе гласа против повикувањето сведоци пред Сенатот, а таква намера имаат и тројца сенатори од редовите на опозициските демократи.

Во својата писмена изјава Мурковски појаснува дека внимателно ја проучувала потребата од повикување сведоци, при што дошла до заклучокот дека „целиот процес на импичментот е еднопартиски по својата природа, имајќи ја предвид пристрасноста на демократите“.

„Дојдов до заклучокот дека нема да има фер судење во Сенатот“, заклучува републиканската сенатрока Мурковски.

За позитивното решение на прашањето за повикување сведоци во Сенатот, демократите требаше да обезбедат мнозинство од 100 сенаторски гласови. Во моментов демократите располагаат со само 47 гласови, што значи дека за остварување на нивната намера им беа неопходни четири гласа на републиканците во 100-члениот Сенат.

Претходно републиканскиот сенатор Мит Ромни, кој има историја на долга нетрпеливост со Доналд Трамп, ја искажа својата намера да го поддржи барањето да се повикуваат сведоци. И републиканските сенатори Сузан Колинс, Лиза Мурковски и Ламар Александр, исто така, говореа за нивната намера да ја разгледаат својата одлука за повикување сенатори. Ден претходно во четвртокот вечерта Александр рече дека ќе гласа против иницијативата на демократите.

„Би било непримерно од претседателот да бара од странски лидер да го истражи неговиот политички противник и да ја блокира американската помош. Меѓутоа, Уставот не му дава моќ на Сенатот да го отповика претседателот и да му оневозможи учество на годинешните избори само поради непримерни активност“, соопшти сенаторот Александр.

Демократот Џеф Меркли рече дека судењето „без сведоци и новите докази“ ќе биде „трагедија во секоја можна смисла“. „Одлуката на Ламар е повреда на Сенатот, владеењето на правото и навреда за Американците“, реле Меркли за CNN.

Покрај тоа, според изданието Politico, тројца демократски сенатори сакаат да ја напуштат партиската линија и ќе гласаат за оправдување на претседателот Трамп. Станува збор за Џон Манчине од Западна Вирџинија, Кирстен Синема од Аризона и Даг Џонс од Албама. Во овие држави имено е силна поддршката за Трамп, и сенаторите се принудени да ги послушаат избрачите во настојувањата да си обезбедат реизбор.

Републиканските сенатор Мит Ромни ѝ се придружи на Сузан Колинс и јавно го поддржа барањето на деморкатите за повикување сведоци на судењето за отповикување на претседателот Донал Трамп.

Судењето на Трамп во Сенатот продолжи во петокот во 18 часот по ГМТ, и секоја страна има по два часа за изнесување на аргументите по што треба да следи гласање за барањето на демократите.