Демократите во Претставничкиот дом гласаа за правото на абортус во целите САД, Сенатот веројатно спротивно

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, во кој мнозинство има Демократската партија, го усвои во петокот законот со кој на сојузно ниво на целата територија на САД се регулира правото на абортус, откако бројни сојузни држави во кои на власт се гувернери од Републиканската партија ги заострија законите за абортусот, а Тексас речиси и целосно го забрани.

„Време е да им веруваме на жените, дека ги почитуваме нивните одлуки“, изјави во текот на расправата демократската пратеничка Роза Де Лауро.

Сепак, како што оценуваат американските медиуми, овој закон веројатно нема да мине во Сенатот, горниот дом на Конгресот.

Пратеничкиот дом го усвои Законот за заштита на женското здравје (Women’s Health Protection Act) со 218 гласови „за“ и 211 „против“. Пратениците во долниот дом на американскиот парламент гласаа по партиска линија, па само еден демократски пратеник гласаше „против“.

Со овој предлог на демократите би се овозможил абортусот и би се спречиле многу ограничувања кои републиканците ги воведоа во сојузните држави, како што се ултразвучниот преглед и други тестови.

Се очекува дека законот нема да мине во Сенатот, каде што има 50 републикански и 50 демократски пратеници, плус демократската потпретседателка на САД, Камала Харис, која по должност е претседателка на горниот дом. Медиумите и аналитичарите се сомневаат дека демократите ќе може да обезбедат поддршка за законот од најмалку 10 неопходни републикански гласови.

Репубаликанската сенаторка Сјузан Колинс, којашто инаку го поддржува правото на абортус, рече дека ќе гласа против предлогот.

Гласањето претставува можност за републиканците да го демонстрираат залагањето за партиските заеднички политики пред изборите за Конгресот во 2022 година. Тие избори ќе одредат кој ќе го контролира Конгресот во втората половина од мандатот на демократскиот претседател Џо Бајден.