Непознати сторители изминатата ноќ го демолирале седиштето на Демократската партија на Србите на Македонија во Скопје.
Партијата на Иван Стоилковиќ е дел од коалицијата „За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која партиципира со неколку советнички места на кандидатските листи и еден кандидат за градоначалник.
Неодамна, за време на дебатата околу Законот за примена на јазиците, токму лидерот на оваа партија одржа и впечатлив говор во Собранието на Република Македонија.
„Јас сум единствениот Србин пратеник во Собранието на Република Македонија кој досега ги поддржал сите закони кои значат и носат подобрување на правата на Албанците во Македонија. Но, што вие направивте за правата на помалите етнички заедници? Сакате да ви дадам одговор!? Одговорот е поразителен! Милиони амадмани на изборниот законик каде се бара гарантирани места за помалите етнички заедници. Блокиран процес, помалите етнички заедници исфрлени од политичкиот и од секој друг процес”, истакна на дебатата Стоилковиќ.