Демонстранти се судрија со грчаката полиција пред домот на пратеничка на Сириза

Група демонстранти доцна ноќта кон саботата се судрија со полицијата пред домот на пратеничката на владејачката СИРИЗА, Бети Скуфа, во грчкиот град Катерини, јави дописничката на МИА од Атина.

До инцидентите, според локалните медиуми, дошло кога групата за време на протестот во центарот на градот, се обидела да стаса до домот на Скуфа, но била спречена од полицијата.

Демонстрантите за да го пробијат полицискиот кордон фрлале молотови коктели и камења, а полицијата одговорила со солзавец и привела 10 лица.

Слични инциденти пред домот на пратеничката се случија и во четвртокот вечерта, а полицијата уапси шест лица, меѓу кои две малолетни.