Околу триста демонстранти упаднаа во вторникот во намибискиот парламент во пресрет на гласањето за предлогот на Германија за отштета во износ од милијарда евра поради геноцидот во ерата на германското царство над припадниците Хереро и Нама во периодот меѓу 1904 и 1908 година.
Набимиската влада објави на 28-ми мај годинава дека Германија се согласила да финансира проекти о емјата на јаугозападот на Африка во вкупна сума од милијарда евра, во триесетгодишен период. Овие инвестеции би претставувале искупување за геноцидот и грабежот на благата во тогашната германска прекуморска колонија.
Германија истиот ден на 28-ми мај, по пет години преговарање со Намибија за настаните што се случиле на таа африканска територија колонизирана од Германија меѓу 1884 и 1915 година. Колежите врз припадниците на народите Хереро и Нама, Берлин тогаш првпат официјални ги опиша како геноцид.
Три дена подоцна, на 31-ви мај водачите на етничките групи Хереро и Нама го одбија договорот кој го предложи Германија признавајќи дека злосторствата на германските колонијалисти пред повеќе од стотина години во денешна Намибија биле геноцид. Советот на племенските главатари бараше да се одложи планираното потпишување на договорот меѓу двете држави.
Демонстрантите во вторникот предводени од опозициските челници и водачите на засегнатите заедници во поворка минаа низ престолнината Виндхук. Тие повторија дека понудената сума е премала и протестираат зошто не биле вклучени во преговорите со Германија.
„Тајанаречениот договор претставува флангрантно занемарување на нашите легитимни барања за репарација и реституција“, стои во петицијата предадена на потпретседатгелот на намибискиот парламент Лоиде Касинга.
Германските војници убиле илјадници припадници од народите Хереро и Нама меѓу 1904 и 1908 година по нивниот бунт против власти на колонијалната Германија Југозападна Африка. Прживеаните биле протерани во пустината, каде што многумина во концентрационите логори биле користени како робовска работна сила. Многумина умреле од студ, неисхранетост или исцрпеност.
„Договорот не овозможена смислено извинување и репарација и не содржи правда, туку само ја згомемува нашата болка“, порача во писмена изјава Кавемули Муранги, еден од потомците на жртвите.
Провладината фракција Херера и Нами провизорни го прифати германскиот предлог, рече еден од нивниот лидер Герсон Катјуруа на прес-конференција. Парламентот веројатно подоца во вторникот ќе го прифати предлогот.
Иторичарите и Обединетите нации тоа долго го нарекуваат првиот геноцид во XX век. Меѓутоа, според историографијата повеќе десетици илјади претставници на двете етнички групи биле жртви на германската колонизација во периодот 1884/1915 година, како резултат не само на вооружени дејствија, туку и на лишување од храна и вода, како и во концетрациони логори.
Во 2011 година Германија на Намибија и врати черепи на борци од народот хереро. Тие пред еден век биле земени во Берлин за истражувања, кои тогаш сакале да докажат супериорност на белата раса над црната. Геноцидот Германија официјално го призна во јули 2015 година, а масакрот е квалификуван како геноцид и во извештајот на Обединетите народи од 1985 година.