Демонстрантите во Ирак растерани со водени топови

Ирачките сили за безбедност со водени топови ги растераа антивладините демонстранти во Багдад, во близина на „Зелената зона“, каде што е седиштето на Владата и Амбасадата на САД.

Според очевидци, полицијата употребила солзавец за да ги спречи демонстрантите кои повторно се собираат.

Повеќе од 150 луѓе загинаа во антивладините протести од почетокот на овој месец во Багдад и други градови во Ирак, претежно на југ.

Повеќето од демонстрантите се млади кои бараат работа, сузбивање на корупцијата и функционални јавни служби.