
Словенија денес го одбележува Денот на државноста, а претседателот Борут Пахор по тој повод порачал дека и покрај очигледни знаци на економски подобрување, постои само сомнеж дали досега е постигнато доволно за да со повеќе надеж се гледа во иднината.
И покрај бројните потешкотии горди сме на постигнатото и не смее да не „загуши таа политичка парализа“ навел Пахор на централната прослава на овој празник.
Словенските весници пренеле дека на прославата присуствувал целиот политички врв на Словенија, а денешниот празник ќе го одбележи и Словенечката католичка црква.
Денот на државноста е најголем национален празник на Словенија.