Ден на жалост

Се отворија кафани, кафулиња, ресторани, кладилници, коцкарници и се’ она што е битно за оваа земја, останаа затворени училишта, градинки, библиотеки, музеи, театри, кино… Добре дојдовте на планетата Земја и ви посакуваме пријатно заминување одовде! Ах, ова и ми беше дупоантата, да им честитам среќно заминување од планетава на космонаутите од Space X – блазеси ви што ја здувавте одоводе, ви завидувам! Оти и треба да се бега одовде, но жал ми е за децата.

Направив голема, ролингстонсовска турнеја низ сите популарни ресторани и локали низ градов. Не седнував во нив, само гледав и поминував покрај нив со велосипед. Па, ако се надевавме дека враќањето во нормалност ќе го видиме токму преку овие културно-историски ем научни институции кои маусоднецот единствено ги познава, останав разочаран. Скопје во петокот вечерта наликуваше како да полицискиот час сеуште трае, ма уште полошо, ми наликуваше на Смедерево од времето кога Тито умре. Тажно и пусто.

Народот уплашен, корона не стивнува, а правилата да се седи само со член од семејство на иста маса!?!?… Па, дали сте норамлни, малку ли ги гледавме дома жените 3 месеци сега и у кафана со нив? Што е поенатата? Па, нема, се работи за чиста импровизација. А, тоа сме ние: „како чемо – лако чемо“ , „кад чемо – сад чемо“ и така со децении транзииции, чекајќи го Годо. Тотална конфузија, мерки – полу мерки и повеќе се расправаме кој е виновен одошто да излеземе од септичкава јама под шифра ковид 19. Жалам, не верувам во општество во кое поради лажно душегрижништво им го с*еба животот на младите, нивното образование, нивниот полет. Децата, младите и во најтешки воени услови наоѓале начин за дружба, игра, забава, затоа што тоа се нивните обврски. Поради паранојата на родителите и нивното партиско полтронство, зачинето со три кила страв, допрва ќе ги донесе плодовите. Осакатување детски животи. Ќе се чудите години, па и децении после ова, кога ќе ви свртат грб и нема ни да ве погледнат. Ќе квичите како сте биле добри и се за нив сте правеле! Со најдобри намери… да не ви наборјувам кој све имал добри намери низ историјата, поплочана со пилран травертин до целта.

Не, бе, другари, си го гледавте г’зот. Одоговорен родител не си ги плаши децата, вистински родител сега би бил Бенито Бенини во Животот е Убав. Крв ќе пролее за детето да не почувствува ни Т од траума, ни С од страв. Ве гледаат како локате, ве слушаат како пцуете, ве чувствуваат како сте очајни, бесни, нервозни, зајадливи и таа цена ќе си ја платите, порано или подоцна – со камата!

Еве, да ве прашам, што направивте со онаа бедна, очајна импровизација наречена онлајн-учење? Дали си го запотивте гзот од учење со нив или од гледање фарми? Дали се удиравте по глава над нелогичните задачи кои ги добиваат? Дали реагиравте? Не? Да? Да оти сте послушник на опозиција? Не, оти сте слуга на власта? Протести требаше да има заради децата! Но, подраго ви беше да урлате да не се намалеле платите (што и бевте во право) но таа енергија да ја канализиравте и за децата? Не, не сте ни свесни што им правите. Си викате најчесто, ма не разбираат мали се. Да точно е тоа, не разбираат, свесно. Но, нивниот хард диск снима, и работи и обработува податоци сакале ние или не, а кога ќе му се зголеми капацитетот за некоја година – агресија, отпор, бунтовниптво девијација…не тогаш нема да ви биде виновне никој, не ни лошото друштво ни корумпираното општество! Ние ќе бидеме виновни, оти не најдовте сила да се соземете во кризни мигови да се издигнеме над ситуацијата.

Не е проблем ни да сте изгубиле такт, се случува, нервоза, тешко е, но исто така постои понизно молење за прошка од своето дете, да му ги бациш рачињата, ноџињата, и да го молиш да ти прости, да го гушкате заедно и да му ветите дека се ќе биде во ред и дека нема никогаш повеќе. Пуста суета наша, после толку фелација по концеларии и кабинети, не останува многу човечност и чиста љубов. Да, детето нема да рабера, но ќе почувствува, со ваквиот однос неговата подсвест ќе вроди со прекрасни плодови со кои ќе се гордеете. Но ние сме портитуки, цел живот, а се бара љубов од нас, проститутка дури може и да го симулира тоа, ние…?

Но, ние сме суетни и накурчени, вулгарни и безобразни. Ние мудруваме обезмени со параноја, вакцини, 5г, елиени, заговори, рамни земји и куп налудничави хистерично генерирани лаги на кои полесно им веруваме оти науката е заебана, бара ум, труд, интелект, ама со жута у јетра, фронталниот кортекс затапува на сметка на центрите за девијантност.

Деца, простете, заникаде сме како генерација и како родители. Глупоста не обзеде, паранојата ни стана поблиска од вас, стравот не владее. Како тогаш да ни верувате дека сакаме да се жртвуваме за вас? Дека сте ни најмилото? А овој свет ви “забрани” да влезете во црква, ви внесе страв од лажичето, ве одвои од Бог и никаде никој не говори за и со љубов. Јас не сторив доволно да го спречам тоа. Плашливо плашило се претворив.

Порака до:

„Чичко Бил Гeјц, кога ќе правиш таа вакцината за Корона со чип + 5г, за нас направи една специјална, од 500 мл, во која ќе ставиш основно и средо образование, бон-тон, култура, писменост и витамински коктел со многу Ц, да пече, штипе и боли, нога да ни се укочи 48 саати!“.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес