Ден на жалост во Москва, поради загинувањето на 22 патници во несреќата со метро

Во Москва денеска е Ден на жалоста, по повод погубувањето на 22 патници во несреќа во метро, најтешката железничка несреќа во 79-годишната историја на метрото.

Во несреќата во метрото загинаа 22 патници, а 146 се повредени кога вчера три вагони се исклизнаа од шините во текот на вчерашниот шпиц, јави руската агенција Итар Тас.

Меѓу загинатите се и двајца странци. Меѓу повредените има најмногу московјани, но и жители на 12 руски региони и државјани на  Украина, Молдавија, Таџикистан, Узбекистан и Киргизиј.

Според последните информации, 146 патници кои се повредени итно се пренесени во болница од кои многумина се во критична состојба.

Градските власти ќе платат надоместок на семејствата на загинатите во износ од 90 илјади долари.