Денекса уште седум меча од квалификациите за ЕП 2020

Денешната квалификациска програма за ЕП 2020 нуди 7 натпревари.

Во Прага, Чешка го пречекува фаворитот Англија, а „трите лава“ се безгрешни по првите 4 натпревари – 4 победи и гол разлика од 19:4. Победа денеска ќе ја квалификува Англија за завршницата на континенталното натпреварување. Британците се во серија од 43 последователни натпревари без да загубат во квалификации. Важно е Чесите денес да извлечат нешто затоа што имаат само еден бод предност пред Косово во битката за второто место.

Во групата Б, фаворитите имаат лесни дуели. Шампионот Португалија излегува против Луксембург на „Жозе Алваледе“ во Лисабон. „Морепловците“ ги освоија своите последни два квалификациски меча, но претходно забележаа две реми и се на 5 бода зад лидерот Украина, која е домаќин на Литванија. Екипата на Андриј Шевченко има многу силна кампања – 4 победи и 1 нерешени, со само еден постигнат гол. Литванците загубија со 0-3 од Украина на домашен терен и веројатно нема да имаат сили за изненадување во Харков.

Програмата за денес:

Група „А“:

Црна Гора – Бугарија
Чешка – Англија

Група „Б“:

Португалија – Луксембург
Украина – Литванија

Група „Х“:

Андора – Молдавија
Исланд – Франција
Турција – Албанија