Денес е најромантичниот ден годинава

Календарите ни кажуваат дека најромантичен ден во годината беше 14 февруари, но астролозите велат дека не е и дека еден друг датум оваа година е многу поважен за љубовниот живот.

Според нив, најромантичниот ден во годината исто така е во февруари, но неколку дена по Денот на вљубените, поточно денес- 16 февруари. Денес ќе биде најромантичниот ден со оглед на тоа како се поставени планетите, пишува „My Imperfect Life“.

Велат дека тогаш Марс е во врска со Венера во Јарец. Апсолутно немаме идеа што значи тоа, но тоа е наводно рецептот за романтика според астролозите. Денес е денот кога романтиката ќе биде на врвот, па не е лошо да го забележите во календарот и да го тестирате.

За некои можеби ќе биде ден кога ќе им се појави некоја нова љубов во животот, кога ќе запознаат некој, кога нивната врска ќе оди едно скалило погоре или кога едноставно ќе се случи нешто убаво за нивниот љубовен живот.

Доколку планираш да направиш некој голем љубовен ризик, можеби ова е денот кога ќе можеш да се обидеш тоа да го реализираш, ѕвездите ќе ти бидат наклонети, а кој би му пречела дополнителна среќа.