Актуелната пратеничка и досегашна министерка за одбрана Славјанка Петровска потврди дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ. Избори во СДСМ се најавени да се одржат на 30 јуни.
Денеска почнува поднесување на кандидатури за избор на нов претседател на СДСМ.
Покрај Петровска, кандидатури за претседател на СДСМ најавија и Јован Деспотовски, актуелниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) и екс-министерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче.