Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд, а попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во северните и источните делови.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 16, а дневната од 20 до 28 степени. УВ=7
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Температурата од 14 до 26 степени.
Од среда нашето подрачје ќе потпадне под влијание на сува и многу топла воздушна маса од југ. Особено топло ќе биде во деновите од продолжениот празничен викенд, кога дневната темпаратура долж Повардарието ќе достигне 40 степени, информираат од УХМР.