Денес сончево, од утре дожд. Сончево време не очекува денес и утре претпладне. Утре во поладневните часови се очекува да се зголеми облачноста, а на север ќе има услови за краткотраен дожд.
Денес сончево со мала до умерена облачност
Денес, како што најавуваат од УХМР, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Кон крајот на денот во западните делови од земјата во планинските региони ќе има услови за појава на слаб дожд. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Утре попладне дожд

Во недела претпладне кон југ ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне ќе се зголеми облачноста, и на север ќе има услови за краткотраен дожд. Во понеделник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Какво време не очекува до крајот на октомври погледнете на следниот линк.