![bez-struja-3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/bez-struja-3.jpg?resize=630%2C378&ssl=1)
Според соопштението од РЦУК – Скопје денеска заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Студеничани.
Во периодот од 09:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Браќа Чакреви” од бр. 1 до бр. 15, ул. „Христо Батанџиев” од бр. 56 до бр. 79 и корисниците од ул. „Депа Кајова” од бр. 1 до бр. 28, Општина Ѓорче Петров.
Во перидот од 08:30 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „1″ бр. 11 во село Горно Соње, Општина Сопиште.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без електрилна енергија ќе останат корисниците од дел од селата Волково, Никиштани и Орман и фирмите „Асфалтна база Гранит”, „ГП Техника”, „ГП Ударник”, „Водостопанство Вардар”, ф-ка Карпош, „Асфалтна база Дарс”, „Речко” и „ГП Гранит Лепенец”, Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците со броеви 81, 87 и 89 со споредните улички во село Волково, Општина Ѓорче Петров.