Денеска ќе бидат погребани шесте тинејџери од Посушје

Во тек е погребот на шестемина млади луѓе, Ивана Миличевиќ, Стипе Романиќ, Жане Павковиќ, Мија Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ, настрадани во викендичка во Посушје.

Илјадници луѓе во моментов се наоѓаат пред црквата Свети Јован Крстител, а на момчето кое Новата година ја дочекало со нив, но порано си отишло и се спасило од сигурна смрт, му се слошило. Морала да интервенира Итната помош.

Пред црквата се изложени ковчезите на шестемина млади кои го напуштија овој свет во цутот на младоста.

Вчера се погребани Мирела Резо и Стјепан Јукиќ.

Поради смртта на осумтемина млади луѓе, денеска во Босна и Херцеговина, е ден на жалост.