Денеска е Св.Пантелејмон – Светецот кој лечеше со силна молитва

Денеска е Св.Пантелејмон - Светецот кој лечеше со силна молитва
Денеска е Св.Пантелејмон - Светецот кој лечеше со силна молитва

Според календарот на МПЦ денеска е Св. великомаченик Пантелејмон. Свети Пантелејмон е роден во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула.

Свети Пантелејмон бил ставен на маки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на губилиште, под некое маслиново дрво.
Свети Пантелејмон бил ставен на маки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на губилиште, под некое маслиново дрво.

Во младоста ја изучи лекарската вештина. Подоцна поверува во Христа и се крсти.

Господ му имаше дадено голема благодет да лечи од секакви болести, не само користејќи ја лекарската вештина, туку и со силна молитва.

Така излечи и еден слеп од кого сите лекари веќе беа дигнале раце. А тоа ги побуди истиве, поради нивната завист, да го обвинат пред властите како христијанин.

Свети Пантелејмон бил ставен на маки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на губилиште, под некое маслиново дрво.

Тој клекна на колена, се помоли на Бога, а потоа му беше отсечена главата. Пострада во 304 година.

Чудотворец во текот на животот, тој продолжи да исцелува и преку неговите свети мошти кои се зачуваа.