
Денеска по 20 часот, како и на 10 и 11 август (сабота и недела) на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ ќе се изведуваат градежни работи, поради што ќе има измени во сообраќајниот режим.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен сообраќаен режим при што сообраќајот по улицата „Димитрие Чуповски“ во насока на движење од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува лево и десно по булеварот „Свети Климент Охридски“, а сообраќајот по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува право по улицата „Свети Кирил и Методиј“ и лево по улицата „Костурски херои“.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.