Денеска Македонија во жолта фаза

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска се очекува два региона од нашата држава да бидат зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата фаза, односно алертна фаза.

Со жолта фаза ќе биде опфатени охридско-преспанскиот и полошкиот регион, односно градовите: Охрид, Струга, Дебар и Ресен, како и Тетово, Гостивар, Кичево, Маврово и Македонски Брод. Деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата.

Граѓаните од овие региони, како и останатите граѓани треба да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.