Во најголемиот дел од денот ќе преовладува врнежливо време, со нешто поинтензивен дожд во југоисточниот крај.
На планините на височина над 1500 метри овие врнежи ќе бидат претежно од снег. Намалување на интензитетеот и постепен престанок на дождот се очекува во вечерните часови.
Дневниот максимум ќе достигне вредност околу 8°С во поголем дел од населените места, и до 11 степени во југоисточните краишта.
Во Скопје се очекува облачно и дождливо време. Минималната температура ќе има вредност околу 4 степени, а максималната околу 9 степени.