![4222271794_95a25f755f_b](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/4222271794_95a25f755f_b.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло, претпладне со сончеви периоди, попладне со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието и во западните делови умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи од 15 до 28 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 25 степени.
Во Скопје претпладне ќе има делумно намалена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер, со температура од 15 до 25 степени.
И во сабота попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Од недела ќе биде посончево, претежно стабилно и топло.