Денеска променливо облачно со силен ветер

Во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи, особено претпладне во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови каде на моменти ќе достигнува брзина околу 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од 16 до 23 степени, а дневната од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе биде седум.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во текот на денот постепено времето ќе се стабилизира. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец, кој попладнето ќе го смени правецот во северен.

Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 32 степена.