Денеска во 15:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија – Зоран Заев, ќе одржи трилатерална средба со своите колеги од регионот: претседателот на Република Србија – Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија – Еди Рама, во рамките на иницијативата за напредна регионална соработка.
Состанокот ќе се одржи преку видео-конференција, а за заклучоците од состанокот Владата ќе информира со соопштение по завршувањето на истата.