Денеска во кујната на Нетпрес: Пилешки медалјони и мињони со карамел

Вкусен ручек за почеток на новата работа неделе, крцкави медалјони и слатки мињони со неодолив карамел.

 

Потребно:

600гр пилешко бело месо

китка магдонос

1 јајце

50гр путер

200гр шампињони

помала главица кромид

200гр гауда

За поховање:

брашно

јајце

пченкарно брашно

парче бел леб

малку млеко

сол

бибер

Подготовка:

Магдоносот исчистете го, сипете вода и ставете го белото месо да се вари со зеленчукот. Вареното месо изладете го и измелете. Средината на лебот натопете ја во млеко, исцедете и додадете во меленото пилешко. Додадете јајце, омекнат путер, сол и бибер, па смесата добро измесете ја со раце. Шампињоните пропржете ги со лук, а сирењето исечете го на тенки листови. Меленото месо поделете го на четири дела и од секој направете коцкаст облик. Во средината наредете листови сирење, преку него ставете фил од печурки, преклопете и со раце формирајте медалјони. Натопете ги во брашно, потоа во јајца, па во пченкарно брашно. Пржете на загреано масло убаво да поруменат.

Брз и вкусен десерт.

karamelbombi

Потребно:

100гр чоколадо за готвење

250гр ореви

40мл вода

100гр вишни

1 белка од јајце

20гр џем

200гр шеќер

Подготовка:

Оревите се сецкаат ситно или се блендираат. Истото го правите и со чоколадото.

Една белка добро изматете ја и со оревите, чоколадото и џемот ги ставате во сад и сето заедно убаво го промешувате го месите и формирате топчиња (колку пинг понг топче) и во средината додадете вишња без семки, или некое друго овошје по ваша желба.

Во средно големо тенџерче ставате 200 грама шеќер и 2 лажици вода. Го загревата на среден оган а по потреба и го намалувате да не загори карамелот.

Топчињата ги тркалате во карамелот и ги ставате на влажна даска или било каква влажна подлога (за да не се залепи карамелата).

Оставате да се оладат некои 3-5 минути и уживајте во вкусот.