Денеска времето ќе биде облачно со локален дожд

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно, со локален дожд во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16 степени, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 24 степени.

Од вторник времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Повеќе услови за локален дожд ќе има во среда и петок.