Депешите на дипломатијата на САД откриваат: Димитров и Црвенковски биле против одржување референдум

Во документите кои ги објави телевизија АЛФА, а кои потекнуваат од февруари 2008 година, односно два месецапред самитот на НАТО во Букурешт  на кој Македонија требаше да стане членка на НАТО заедно со Албанија и Хрватска, стои дека Никола Димитров на средбата со тогашната амбасадорка на САД во Македонија, Џилијен Миловановиќ категорично се изјаснува против референдум во врска со спорот за името.

Амбасадорката Миловановиќ испратила неколку доверливи извештаи и депеши до Стејт департментот, но и до Централната разизнавачка агенција (CIA) и другите американски агенции, во кои се прераскажани незините средби со сегашниот министер за надворешни работи, а тогаш национален координатор во преговорите околу разликите за името. Средбата по којашто потекнуваат споменатите документи се случила на 20-ти февруари 2008 година, а веќе на 21-ви февруари извештајот е испратен до CIA и до Стејт департментот.

Во депешата на амбасадорката Миловановиќ се наведува дека не само националниот координатор Никола Димитров, туку и претседателот Бранко Црвенковски имал јасен став против референдум за името.

Токму во тој период во Македонија се воспоставувал консензус на сите релевантни чинители околу црвените линии против промена на уставното име,  а Димитров и Црвенковски ја уриваат договорената стратегија.

Десет години подоцна, Никола Димитров како министер за надворешни работи става потпис на договорот со Грција со која Македонија се обврзува да го промени Уставот, името Северна Македонија да биде и за внатрешна и за надворешна употреба, да се ревидира историјата, да се менуваат личните документи. И згора на се Димитров заедно со Црвенковски ги повикуваат граѓаните  да гласаат „За“ на референдумот на 30 септември.