Неодоливо ми е чувството, рамната ЕЕГ црта на сеопштата колективна интелигенција, кое понекогаш дава за право да се биде и арогантен кон масата. Масата пак сака да биде лажена, да и’ кажувате дека се умни, добри, паметни, дека знае, дека народот цени и казнува.
На времето имаше една маалска…вКОГА ЛАЖЕШ, КАЈ ГЛЕДАШ?
Само читам како му се додоворуваат на народот, море поезија, медоини течат од крвави усни смрдливи, но лукави, полукави од народот, кој како клен и интелектуално и рефлексно им се закачува на јадицата. Лапај голтај! Кога не можеш на митинг, хистерични бомбардировки од лајкови на сите профили. ТАКА Е ВОЈВОДО – БАНДЕРА РОСА – НАПРЕД ВО ЕВРОПА- САМО ЕДЕН Е ИЗБОРОТ – СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ …. и Груевски мислеше силата е во народот, па сега срка гулашче за пеесче… ама еврички, не е он греота толку, да се разбереме, како што не е ни Бранко, ни Хари, ни Љубчо, а ни Бучко ако веќе ред редиме со прајм министри. Сите се „нафатираа“ пунети ко каца со зелка, збиена со воденички камен. А народ, ги гласа ли ги гласа и трчате ко абдали по нив. Не е во прашање за кого и како, тоа е одамна јасно и дегутнатно е како дебил ретардиран да се повторува име на партија за која треба да се гласа, наспроти име на партија која треба да се казни.
Поединецот е високоинтелигентна единка, споредено истиот во маса.
Народот е поводлив и единсвена лукавост му е да глуми лудило. Имал доволно децении да ги казни токму овие кои силно ги критикува, ама попрво родена мајка ќе продаде одошто да дозволи контра-банда да победи. Да, до таму е, но не се секирајте, го*ари како нас има глобално. Како на пример Америка, попрво ќе запалат сосе цела земја и се во неа, само Трамп да не победи.
И кога во денови кога пандемијата, не да е во замав, туку станавме Мак Вухан, китка не боли за се, сите си трчаат како ништо да не било, оти се знае, ако дојде неговата партија на власт – прво трчаш кај локалниот со докази колку лајка си му ставил у кампањата и колку пати си го опцул неговиот противник и затоа да ти даде вработување, тендерче, врски на судче, искине некоја казна и се по ред, на кое сме научени. Таквото наше однесување ги обликуваше денешните политичари.
Да, оние се такви какви што се, заради нас, оти ние се што напрвивме во животот е со врски и како корумпирани ние не сакаме чесни, ние само глумиме дека сакаме чесност, ние сакаме корумпирани кои утре ќе мораат да ни завршат работа, луѓе на кои се угледаме ко на ближни.
Додека се рушат вухански рекорди по број на новозаразени, не сме ние лидери, тоа е најутешително, тука е пола планета од северна хемисфера. На балканите и покрај се, Босна е на прво место, каде се функционира како ништо да не се случило а новозаболени со фургони. Во Англија темпераурите се 33 степени и сите се на нивните плажи, како што и пола Македонија наскоро ќе емигрира во земјата на лежалките, јужно од нас. Ни војска ни полиција не помага, не збориме за стотици, туку дестици илајди. Депопулација ќе има и кај нас и во светот и нема да биде од „билгејц“, ниту некои си илуминати, туку ние самите, оти сме мазгови у главите да тераме инат и се правиме будали.
Вака, според Дарвин ова е добро, трагично и болно, но добро, депопулација ќе има, а оние кои ќе преживеат ќе бидат малку попаменти од општиот просек.
Затоа терајте избори и памет у глава, чувајте се но чувајте си го и искоритете си го вашето право на глас. Мораме да еволуираме, постепено и во овој дел, затоа што ние никогаш не сме имале функционална власт во потполност за да може навистина да направи трајни позитивни промени, а за тоа е потребно, можеби, швајцарскиот модел на колективно раководство, но за ова следната епизода на Жолтко и Лутко.
Автор: Јанко Илковски за НетПрес